Нови два дена со високи концентрации на ПМ 10 честички во Велес

Петар Печков

Нови два дена по ред воздухот во Велес е со концентрации на ПМ10 честички над 100 мг/м3. Според мерните инструменти на Министерството за животна средина на мерното место Велес2, лоцирано во дворот на Детската градинка во населба Тунел,  вчера, среда  биле измерени средно дневни од 137  мг/м3 а во вторникот 125 мг/м3. 

Досега годинава во декември  од 17 дена имало 12 со повисоки вредности од граничните 50 мг/м3. 351  дена  во 68  било констатирано поголема вредност од дозволената. Дозволен број денови  за Велес за една година со повисоки вредности  е 39.  

Од локалната власт излегоа со соопштение поради лошиот квалитет на амбинеталниот воздух информираат дека истиот е надминат на мерното место Велес 2 од 100,00 μg/m3.

Прагот на информирање е надминат во деновите 16.12.2025 и 17.12.2025 година , кога се измерени концентрации од 125,46 μg/m3 и 137,88 μg/m3

Препораки за граѓаните :
 Општина Велес упатува апел жителите на жителите на општина Велес
  Да користат јавниот превоз
  Возила да не се користат без поголема потреба  
   Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време по потреба
   Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал
  Рано наутро и доцна навечер да се избегнува долготрајна изложеност на отворено;
   Правилно да се користат печките за дрва, да се користи суво не влажно огревно дрво и редовно да се чистат оџаците
   Да се одложат сите активности на отворено

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на сообраќајната полиција во Велес? (училишна оценка)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати