Нови четири случаи на позитивни со ковид-19 во Велес, тројца оздравени

Петар Печков

Центарот за јавно здравје Велес ја потврди информацијата на Министерството за здравство, дека во Велес денес има четири новозаразени лица со ковид-19, како и тројца оздравени. Со ова бројот на активни случаи во велешко е 28.

Еден од позитивните случаи е вработен од фабрика од Кавадарци, вториот работно патувал по градови до Западна Македонија. Двата други случаи, сограѓанка и маж според епидемиолошката анкета не можат да посочат од каде се заразиле. Тројцата оздравени се од домашно лекување, една од нив е жена и двајца се мажи  - изјавија од Центарот за јавно здравје Велес.  

Досега во велешко има 247 случаи со ковид-19, од нив оздравени се 205 и 14 се починати. На Инфективното одделение има 17 пациенти. Петнаесет се позитивни и за двајца се чекаат резултати. Од вкупниот број хоспитализирани лица, осум се од велешко, четири од Свети Николе, три од Неготино и двајца од Кавадарци.  Во петокот во Велес имаше 32 лица во самоизолација. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати