Нови 47 случаи со ковид-19, почината пациентка на 52 годишна возраст

Петар Печков

Во велешко Министерството за здравство регистира 47 ново заразени со ковид-19 а оздравени се 33. Бројот на активни случаи е 813 лица а досега биле заразени 4.826. 

Во велешка Болница вкупно се хоспитализирани 98 пациенти, на Инфективно одделение се 51, интерно шест и во Модуларната болница се 41. Од  лежечките пациенти 89 се потврдени позитивни, пет се  сомнителни  и четворица  пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.

„Почината е  пациентка на 52 годишна возраст од село Раштани позитивна, лекувана еден  ден на Интерно одделение. Еден пациент маж на 58 годишна возраст е транспортиран за Скопје, во приватна Болница Жан Митрев. На кислородна поддршка се 48 пациенти. Испишан е еден  пациент како оздравен   со еден  негативен тест“ – кажа д-р Елеонора Јованова портпарол на Општа Болница Велес. Досега бројот на жртви на последиците од ковид-19 заразата во велешко е 144 починати.

Поради големиот број на пациенти позитивни или сомнителни на ковид-19, сместени во велешка Болница, Инфективно, Интерно и во модуларанта Болница,  повторно во функција е пуштен одделот за Физикална терапија кој ќе биде наменет како Ковид центар.  Истиот располага со 25 болнички кревети И засега нема хоспитализирано пациенти.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати