Нови 870 книги во велешка библиотека, оти има зголемен интерес за читање во време на ковид

Петар Печков

Во време на социјална затвореност, изолираност, дел од велешани се посветија на читање книги. Во велешката Библиотека во овој период од седум-осум месеци, додека е здравствената криза со корона вирусот, велат дека е зголемен интересот за книгата, посебно кај возрасната читателска публика.

Во време кога луѓето се повеќе дома, разбирливо е што имаме зголемен интерес за читање книга. Читателите од возрасната категорија, на секое доаѓање позајмуваат по три четири книги, велат дека така полесно го минуваат времето, наместо да гледаат телевизија, во време кога нема многу контакти со пријатели и соседи - кажа Гордана Васковска в.д. директорка на велешката библиотека Гоце Делчев.

Бројот на членови во ова институција е околу пет илјади  лица, во одделот за возрасни е 2.838 а во одделот за деца 2.176. Поради зголемениот интерес за читање на книги, овој период од неколку месеци , во библиотеката биле набавени повеќе од 200  наслови или околу 870 книги, за што се потрошени 350 илјади денари, од сопствени средства.

Купивме 37  наслови  за детскиот оддел а 172 наслови се за возрасни. Дијапазонот на набавени книги е широк од психолошки, трилери, романтични. За љубителите на трилери, приказни со  многу моќни пресврти кои овозможуваат возбуда, неизвесност, сомнеж до последната страница. Приказни за љубовта, страста, предавството, мистерии во најновите изданија кои  остават без здив. Библиотеката редовно се грижи за децата збогатувајќи го книжниот фонд со најнови изданија на детска литература - додава Васковска.

Објаснува дека библиотеката, како културна установа од јавен карактер, е место каде  што се складира и чува културното богатство, каде се негуваат и надградуваат културните, воспитно образовните вредности на  младите и сите  граѓани.

Од новите наслови од библиотеката ги посочуваат тие што се најчитани. Матица Македонска": „Сестрата на сонцето"- Рајли, Лусинда, „Часови по заборав“- Нермин Јилдирим,  „Белата хризантема" - Бракт Мери Лин, „Крадачка на книги"- Зусак Маркус;  од Сакам книги :Тајната на Алексови- Наде Стоилковиќ, Сите цвеќиња во Париз- Сара Џио, Без каење –Колин Хувер Сурова љубо-Колин Хувер; Издавачки центар Три: Вие сте вашите уверувања- Смиљан Мори, 10 минути и 38 секунди во овој чуден свет од Елих Шафак, Разбудете го џинот во себе-Ентони Робинс;  Култура Сестрите Романови- Хелен Рапапорт, Жената во белото кимоно -Ана Џонс, Ти подарувам ѕвезди- Џоџо Мојес; Топер Дневникот на едно смотано девојче 7,8,9 ,10 книга –детски, Тајниот живот на писателите- Гијом Мисо.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

  • зголемување на казните за не носење маска
  • затворање на одредени градови, општини со голем број заразени лица
  • повторно воведување полициски час
Резултати