Новото првенство на одбојкарската лига за ветерани започнува на 6 април

Петар Печков

Натпреварувачка комисија на Одбојкарската лига за ветерани во Велес одржа состанок за оваа натпреварувачка сезона. Новина е што кон лигата се приклучи и екипа од Скопје, со што таа годинава ќе брои осум екипи. Лани, или првата сезона титулата ја освои составот на ОК Борец.

„Се договоривме да имаме редовен лига систем, секој со секого, седум кола, по четири натпревари во еден град. Се игра на два добиени сета. Започнуваме на почетокот од април, на 6-ти во Гевгелија, потоа следниот викенд  во Струмица. Завршницата, последното коло    е во Прилеп на 11 октомври. Првите  четири играат за титулата првак полуфинале и финале и борба за трето место   а вторите разигруваат за пласман од 5 до 8 место. Ова е прва и единствена лига во екипни спортови во Македонија“ – кажа  Тони Караколев комесар на лигата на ветерани од ОФМ.

Во лигата ќе се натпреваруваат екипи од Тетово-две, од Струмица-две и по една од Велес, Прилеп и Гевгелија.
Заради заштита од  неколку изолирани случаи, во звршницата, за една екипа да настапуваат и млади одбојкари кои настапуваат во Првта лига, годинава се воведува новина.

„Право на настап во лигата на ветерани имаат лица родени 1985 и порано. Пред почетокот на првенството секоја екипа доставува пријава со лични податоци и слика од натпреварувачот, како и последните две години да не бил активен одбојкар.  На секој натпевар се носи лична карата пасош, за да се докаже идентитетот на пријавениот.

Ветераните на ОК Борец веќе еден месец се во тренажен процес, со три тренинзи неделно. На крајот од месецов одат на турнир во Соко Бања -Србија а во април во Будва - Црна Гора.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати