Новото првенство на одбојкарската лига на ветерани започнува на 19 април во Гевгелија

Петар Печков

Натпреварувачката комисија на лигата за ветерани при Одбојкарската федерација, одржа состанок во Велес, на која се договорија деталите за новото првенство, трето по ред. Тоа ќе започне  викендот на 19 април во Гевгелија, ќе играат седум турнири а завршува на 1 ноември со финалето . Како и лани ќе учествуваат седум екипи, Тетово и Шкендија, Прилеп, Гевгелија, Велес, Струмица и Скопје. Секоја екипа ќе биде домаќин на еден турнир. 

„Новина е што од оваа натпреварувачка сезона за екипите на ветерани може да се натпреварува и еден одбојкар џокер со 38 години возраст, со што што последните пет не играла активно, професионално за некој клуб. Договоривме и термини, градови домаќини и распоредот на натпреварите. Ова е единствена државна лига во екипните спортови во која се натпреваруваат ветерани. Усвоен е правилникот за пропозиции за оваа натпреварувачка сезона. Играме календарски за разлика од другите спортови, сите натпревари е во една година“ – кажа Тони  Караколев  од Струмица, комесар за натпреварите на државната лига  за одбојка ветерани.

Второто коло  од лигата на ветерани се игра на 26 април во Тетово домаќин Шкендија , трето коло на  10 мај во Велес,  четвртото коло  на   31 мај , петтото коло  на  7 јуни  , шестото коло на 6 октомври во Тетово и завршницата е традиционално на 11 октомври во Прилеп. Полуфиналињата се играат на 18 октомври  во градот домаќин кој е второ пласираната екипа а домаќина на финалето е првопласираната екипа по лига системот, се  игра на 1 ноември.

Прво коло  19 април Гевгелија
Прилеп- Гевгелија
Шкендија – Тетово
Велес  - Скопје
 Слободна Струмица

 Второ коло 26 април Шкендија Тетово
Тетово - -Велес
Гевгелија – Шкендија
Струмица – Прилеп
Слобдно Скопје
 
Трето коло 10 мај Велес
Шкендија – Струмица
Велес – Гевгелија
Скопје – Тетово
 Слобден Прилеп

Четврто  коло  31 мај (Скопје или Струмица)
Гевгелија – Скопје
Струмица – Велес
Прилеп – Шкендија
Слободно Тетово

Петто коло 7 јуни  (Скопје или Струмица)
Велес – Прилеп
Скопје – Струмица
Тетово – Гевгелија
Слободна Шкендија

Шесто коло  6 октомври
Струмица – Тетово
Прилеп – скопје
Шкендија – Велес 
Слободна Гевгелија

Седмо коло 11 октовмри Прилеп
Скопје – Шкендија
Теетово – Прилеп
Гевгелија – Струмица
Слободен Велес 

Поврзани »

IQOS brand вработува

Придружи сѐ на нашиот тим низ цела Македонија! Почетна плата ДО 34.000 денари (хонорар + бонуси) Детали

ПРОГРАМА ЗА НОВОГРАДБИ ВО ВЕЛЕС

Хабитат Македонија ги повикува заинтересираните семејства да се пријават за вклучување во Програмата за новоградби во Велес.
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

  • да
  • не
Резултати