Петар Печков
Објавено: петок, 12 јуни 2026
Центарот за развој на Вардарски плански регион со седиште во Велес, на Општина Градско и го предаде на користење новото специјализирано мулти функционално возило за чистење и одржување на јавната хигиена, противпожарна функција и подобрување на амбиенталниот воздух.
„Со новата современа механизација ќе се подобрат комуналните услуги, заштита на животната средина и подигнување на квалитетот на живот на граѓаните во општината“ – соопштија од Вардарскиот плански регион.
Проектот е финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година.
Вкупната вредност на проектот изнесува денари 3.933.333 од кои 3.100.000 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој, а 833.333 денари од општина Градско како партнер и краен корисник во проектот.
фото Вардарски плански регион
