Ноемвриска акција за собирање на електричен и електронски отпад

Петар Печков

По четврти пат Општина Велес, ЈКП Дервен и „Нула отпад“ - Скопје организираат Акција за собирање отпад од електрична и електронска опрема За таа цел, компанијата „Нула отпад“ од Скопје отпечати информативен леток кој веќе се дистрибуира  од страна на ЈКП Дервен, со сметките за комунални услуги.

Сите правни и физички лица кои во своите домови и објекти поседуваат отпадна опрема од: големи домашни апарати- фрижидери, машини за перење, клима уреди; мали домашни апарати -пегли, правосмукалки, тостери, фенови;  компјутерска опрема- компјутери, печатари, лап-топи ,фиксен и мобилен телефон;  електронска опрема - радио, тв,  видео -рекордер, музички систем; опрема за осветлување -неонки, сијалици, расветни тела; електрични и електронски апарати - бушилици, машини за шиење, пили;  електронски играчки и опрема -видео игри, играчки на батерии; кабли, адаптери, полначи за мобилни телефони, батерии и акумулатори,

Граѓаните можат да се јават на телефонскиот број 043/233-768, секој работен ден од 07:00 до 14:00 часот.

Отпадот од електрична и електронска опрема ЈКП „Дервен“ бесплатно ќе го преземе од Вашите домови и при тоа на граѓаните ќе им издаде изјава за примопредавање.

Акцијата ќе се реализира од 1 ноември до 1 декември 2018 година.

Приклучете ни се во акцијата за почист Велес. Отпадот ќе заврши на соодветно место во согласност со закон, а не на јавните површини- велат од ЈКП Дервен. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати