ОЈО Велес отвори предмет по повикот на Агатангел за посета на црквите за Задушница

Петар Печков

Основното јавно обвинителство Велес  отвори предмет по допрен глас по објавите во медиумите и јавното соопштение на Митрополитот Агатангел и Повардарската Епархија, со кое ги повикува верниците на масовно одење во храмовите за време на верскиот празник Духовденска Задушница, во петок и сабота, во тек на целиот ден, додека во сила е забраната за групирање на територијата на целата држава, забраната за движење на населението во одредени временски периоди и забраната за пристап до гробишта.

Со цел утврдување на факти во предметот и евентуална кривична одговорност, велешкото обвинителство даде насоки на СВР Велес за обезбедување на податоци во однос на стореното дело и испитување на околностите дали содржи обележја на кривично дело, како  и во поглед на почитувањето на мерките кои се определени од страна на Владата.

Претпладнево  на веб страната на Повардарска Епархија -МПЦ-ОА  беше  објавено  „ Ве покануваме помасовно и достоинствено да им оддадеме чест и спомен на сите упокоени наши браќа и сестри во Христа„. Митрополит на Епархијата е  Владиката Агатангел. 

Подоцна министерот за здравство Венко Филипче побара од  Владиката Агатангел да го повлече повикот до верниците.

фото: Повардарска епархија на МПЦ -ОА 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати