Петар Печков
Објавено: петок, 31 октомври 2025
Одбојкарите на ГОК Борец забележаа убедлив пораз во дербито на колото со ОК Работнички, играно во Скопје. По сетови 13:25/22:25/20:25. Велешани не успеаја да се спротивстават на подобриот противник и загубија со максимален резултат. Скопјани ги водеше велешанецот Јованче Манасков, кој со неговата екипа ги порази велешани. Ова беше натпревар од второто коло, кое останатите екипи го играат викендов.
Се одигра и четвртото коло од Втората одбојкарска лига и двете велешки екипи забележаа порази. ЖОК Борец загуби во струмичко Ново Село од истоимениот тим со 1:3 а ОК Виола волеј дома од ОК Вардар со 0:3. Во следното коло гостуваат во Скопје на ОК Шкупи.
