Петар Печков
Објавено: четврток, 03 април 2025
Одбојкарите на ОК Борец се поразени во полуфиналето од Купот со максимални 0:3 (13, 18,17) од екипата на ОК Струмица. Со тоа паднаа надежите за пласман во финалето.
Велешани беа лесен противник за струмичани, кои без поголем напор стигнаа до победата, како полесен тренинг. Во финалето сабота, ќе играт прпотив ланскиот освојувач на Купот, ОК Универзитет Гоце Делчев од Штип. Натпреварите се играат во Радовиш, во салата 25 мај.
ОК Борец следен настап ќе има на 9 април, кога ќе започне разигрувањето за титулата и во полуфиналето ќе игра со истиот противник од Купот, актеулниот првак ОК Струмица. Се игра на два добени натпревари а серијата започнува од Струмица.