ОК Борец со победа во заостанат натпревар обезбеди пласман во разигрување за титулата првак

Петар Печков

Во заостанат натпревр од 6 коло на Првата одбојкарска лига, пласман за првите 6 места, во Тетово ОК Борец ја победи ОК Шкендија со 3:0 ( 21, 15,22). Со оваа победа велешани го осигураa 3-тото место. Со тоа во разигрувањето за титулата ќе играaт со екипата на  ОК Струмица, ланскиот првак, која годинава е втора на табелата. До крајот на првенството ОК Борец игра со лидерот ОК Штип дома и во последното коло во Скопје со ОК Работнички.

Се одигра 16 коло од Третата фудбалска лига Југ. Во Превалец истоимениот тим играше со ФК Ултрас од Приклеп, кој е 7-мо пласиран со 21 бод. Откако домаќиниот водел со 9:0, а во 64 минута имал само шест играчи на терен, судијата го прекинал натпреврот. Бидејќи се одиграни 2/3 од средбата, таа се регистрира со постиганиот резултат.

ФК Башкими од Горно Јаболчиште играше во крушевски Бучин, со истоимениот противник кој е 8 пласиран. Натпреварот заврши без победник, 1:1. По ова 16 коло ФК Башкими останува втор со 32 бода, три помалку од лидерот ФК Горно Коњари а ФК Превалец е трет со 31 бод. Во следното коло, викендов играат во Чашка, ФК Башкими со ФК Ултрас, а ФК Превалец гостува во прилепско Лажани кај ФК Слога која е 10-та со 11 бода.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати