ОК Борец со победа и пласман на осмото место го заврши првеенството на Првата лига

Петар Печков

Одбојкарите на ОК Борец со победа го завршија првенството на Првата лига. Со максимални 3:0 славеа над скопски ОК Јанта Волеј (17,23,16). Со ова тие на крајот во групата која разигруваше за опстанок, го освоија 8 место, во целосно изменет состав од лани, кога беа втори во првенството и финалисти на Купот.Тие се први од велешките екипни спортови, кои го завршија настапот во спортската 2023/24 година.

Кошаркарите на КК Борец баскет во претпоследното коло од првенството на Втората лига се високо поразени од вторпласираниот тим на табелата КК Шкупи во 111:70. Со  овој пораз тие се седми со 25 бода и потребна е победа во последното коло над последно пласираниот тим на КК Тетекс, за да останат на оваа позиција, која води во разигрување за влез во Прва лига.

Во Првата ракометна лига, РК Бисинов победи уште една екипа, која се надеваше на висок пласман и пласман во Супер лигата. Велешани дома славеа со 35:30 (17:14)  во натпревар во кој беа во водство со сигурни 3-4 гола предност. Во следното коло, ново искушение, гостуваат во Богданци, каде играат со второпласираниот РК Младост кој има само еден пораз.  Во плеј аут МРК Борец играше дома со РК Кичево, кој имаше засега  само една победа, но надежта дека младиот велешки состав може да се надева на успех, беше  илузија. Гостите победија со високи 28:52 (13:26) и натаму се последни без ниту еден освоен бод. Во следното коло  гостуваат во Ресен каде играат со РК Преспа Вардар, кој е претпоследен со две победи.

Победа и пораз за пингпонгарите на ППК Борец ТИМ, во 12 и 13 коло од Првата лига. Велешани победија со 4:3 против последно пласираниот тим на ППК Кочани и забележаа пораз од 1:4 од второпласираниот тим на ППК Радовиш. Во следните две кола  на 14 април, велешани играат со соседот на табелата, третопласираниот ППК Прилеп  а потоа се слободни. По 11 кола ППК Борец е четврти со 17 бода а лигата бори 9 екипи. 

фото ФБ /ОК Борец

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС РАСПИША ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА 50 ПОРОТНИЦИ

Основен суд Велес, врз основа на чл.38 ст.3, чл.42 и чл.43 од Законот за судовите и Одлуката бр.02-2158/1 од 10.12.2015 година на Судски совет на Република Северна Македонија (Сл.весник на РСМ бр.219/15 од 14.12.2015 година), а во врска со потребата од избор на судии поротници поради истек на мандатот, на ден 12.07.2024 година, го објавува следниот:

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ја пиете водата од природните чешми и бунари?

  • да
  • не
  • како кога
Резултати