ОК Борец со победа се пласира во завршница на Купот

Петар Печков

Одбојкарите на ОК Борец се пласираа во завршницата од Куп натпреварите. Тие во четвртфиналето ја совладаа екипата на ОК Лирија со 3:0 (13, 20, 11). Се игра еден натпревар. 

Без многу мака велешани стигнаа до максимална победа и пласман меѓу 4 најдобри екипи. Таму се веќе екипите на  ОК Штип Универзитет Гоце Делчев- лански освојувач на Купот, ОК Струмица првак а последниот четврти учесник ќе биде познат наредната седмица помеѓу екипите на ОК Шкендија и ОК Работнички.

Пред две години велешани играа во финалето во Радовиш, каде загубија од ОК Струмица. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати