Обвинетиот Велибор Манев на полицијата им помогнал да се најде мртвото тело на Жежовски, закопано во дупка длабока три метри, бидејќи заедно со Видевски бил сведок на неговата ликвидација

Петар Печков

Поранешениот началник на СВР Велес, Ристе Самарџиев, беше сведок во продолжението на судењето на петмината обвинети за свирепо убиството, соизвршители  и помагање во убисвтото на детето Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој рече дека Велибор Манев им покажал каде било закопано телото на Панче Жежовски.

Претходно сведокот забележал дека возилото на Панче е излезено од Велес, но не ни претпоставувал дека тој е убиен. Телефонот на Панче бил пронајден близу бензинската на Макпетрол на влезот во Велес од Штип.

„По пријателска врска со А1 операторот, така го пронајдовме телефонот, неофицијално дознавме како зрачи телефонот. Потоа баравме и листинзи. Тоа го направивме за побрзо пронаоѓање на лица. И ќерката на Панче имаше пристап до „Гугл“ акаунтот на Панче. Телефонот беше активен, но никој не одговараше. Го имавме бројот и гледавме каде зрачи телефонот, гледавме дека е во близина на бензинската пумпа Макпетрол. Испративме телеграма до сите СВР ако е најдено возилото или лицето да биде запрено и да бидеме известени. Баравме камери од патишта, патарини, објекти… Проверивме и дали ја напуштил државата. Телефонот беше пронајден во дол, во капини од две-три метри. По два дена го пронајдовме телефонот на Панче, бидејќи беше непристапен терен. Прво се косеше и се расчистуваше теренот. Кога ги гледав сликите на Сејф сити помисливме дека можеби е жив, зошто поради лошиот квалитет на снимките, стар е системот, имаше човек во зелена јакна, а таков беше и описот на Панче. Колегите од Скопје не известија дека возилот е најдено опожарено. Тогаш помисливме дека лицето е ликвидирано. Инаку, парче од мобилниот телофон од девојчето Вања беше пронајдено во возилото на Панче“, кажа Самарџиев пред судот.

Тој кажа дека откако обвинетиот Велибор Манев бил уапсен ѝ кажал на полицијата каде се закопани Вања и Панче.

„Велибор кажа каде е местото каде што е закопана Вања. Потоа ни кажа и за Панче. Тој кажуваше каде да се движиме и каде е закопан Панче. Тоа место нема шанса да го најдете доколку не ви го покаже некој. Кажа дека биле заедно сите четворица, а дека Палевски пукал во него. Дупката беше три метри. Викнавме пожарна да ни помогне да го извадиме телото, дупката беше прилично голема“ рече сведокот кој додаде дека била пронајдена и една чаура до дупката.

„Велибор ни кажа дека Љупчо Палевски го убил, му пукал со пиштол во тилот. Пронајдена беше и чаурата”, сведочеше Самарџиев.

Камерата која можела да ги даде сите одговори за киднапирањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска, а која снимала спроти влезот на зградата во која живееле, во кобниот момент не работела бидејќи кабелот и бил пресечен. Ова го појасни началник од МВР кој денеска сведочи на судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
На денешното рочиште сведочеше  и Музафер Калишиќ, кој во времето на грабнувањето бил помошник-началник на СВР Скопје, и кој на 27 ноември 2023 година заедно со обвинетиот Александар Ѓорчевски, таткото на Вања го барале малолетното девојче.

Тој појасни дека таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и неговиот пријател Гоце, на инспекторите од МВР им посочиле објект, на кој има камера, а кој е спроти влезот на зградата во која живеела Вања. Кога отишле да ја побараат снимката забележале дека кабелот е исечен. Ги земале снимките, но поради тоа што бил исечен кабелот, немало снимка.

Тој Гоце им ја дал и снимката од Панче од бензинска од Велес,  како точи гориво со друго лице во автомобилот, иако тогаш  во истрагата  немало поврзаност помеѓу двете убиства. Сведокот  Калишиќ објаси и како обвинетиот Кешишев, во текот  од истрага им го посочил местото каде е убиена и закопана Вања, по што била и пронајдена мртва. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати