Објавен јавниот повик за упис на ученици во спортската академија, која во Велес има паралелка за фудбал во Гимназијата

Петар Печков

Државното средно училиште Спортска академија – Скопје го објави јавниот повик за потрага по спортски таленти за проверување на способностите за спортски вештини на учениците кои се заинтересирани да се запишат во прва година во учебната 2024/2025 година. Покрај во Скопје, предвидени се и паралелки во состав на јавните средни училишта во десет општини низ државава.  Во Велес тоа е Гимназијата Кочо Рацин, каде има паралелка за фудбал.

Познати се термините и локациите кога и каде ќе се изврши тестирањето и селекцијата. За завршените основци од  Велес, како и околните населени места кои ги опфаќа ова селектирање Градско, Чашка, Лозово, Росоман тоа е  15 мај  - среда во 10 ч. на  Градскиот Стадион во Велес.

Кандидатите за упис во прва година во средното училиште Спортска академија ќе бидат селектирани од стручна комисија. Селекцијата ќе се одвива во фази - скаутирање од стручни лица, селекција од стручен тим и тестирање на психофизичките способности од страна на стручната комисија.

На учениците кои ќе бидат примени, а кои не се од регионот каде што ќе ја посетуваат наставата, ќе им биде обезбедено сместување и храна, и превозот до училиштето.

-Целта на ДСУ „Спортска академија“ - Скопје е учениците - спортски таленти да се оспособат да постигнуваат врвни спортски резултати и да се подготвуваат од рана возраст да станат членови на националните спортски селекции за фудбал, ракомет, кошарка и тенис.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати