Одбележан 1 април денот на акцијашите, засадени 64 садници во чест на загинатите од пожарот во Кочани

Петар Печков

Велешките акцијаши  ветерани го одбележаа 1 април денот на акцијаштвото. Тие денес во паркот на Спомен костурница засадија 64 садници на бор и јасен. 

„Садниците го засадивме во чест на 63-те млади згаснати животи во пожарот во Кочани и возачот на брзта помош кој почина ден потоа. Овие млади садници се спомен на исто толку млади животи и тие нека го продолжат споменот на нив“ – кажа Горан Петков, претседател на Здружението „Акцијаши ветерани“ од Велес.  

На денешната акција учествувале и учениците од Гимназијата „Кочо Рацин“ и средното „Коле Неделковски“ како и волонтери од ОО на Црвен крст Велес и од Општина Велес. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

  • дома
  • Грција
  • Црна Гора
  • Охридско езеро
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • Бугарија
  • Дојранско езеро
  • Бугарија
  • На планина
  • На базените во градов
Резултати