Петар Печков
Објавено: понеделник, 10 ноември 2025
Одбојкарите на ГОК Борец во дербито на колото го совалдаа ланскиот шамион ОК Струмица со 3:2 (25:18, 20:25, 19:25, 25:22, 15:9) во израмнет и воздублив натпревар. Ова е за велешани прва победа над струмичани по 15 години. Со оваа победа ГОК Борец е 5-ти со 8 бода. Во следното коло дерби, гостува во Тетово на ОК Универзитет, кој е 6-ти со исто така 8 бода.
Во женската Втора лига, два порази за велешанки. ЖОК Борец загуби дома со 0:3 (10, 24, 18) од ОК Форца волеј Ема од Скопје а ОК Виола волеј загуби со 2:3 (25:17, 15:25, 25:22, 20:25, 9:15) во струмичко Ново село од истомениот противник. ОК Виола волеј е 9-та со 4 бода а ОК Борец е 10-ти со три бода. Во лигата се натпреваруваат 12 екипи.
Во Првата кошаркарска лига прва победа за КК Борец баскет, во 4-тото коло, откако претходно забележа два порази. Велешани победија со 83:55 на гостувањето кај КК Струмциа ролинг, која исто така беше без победа. Во следното коло во Велес гостува КК Бутел, кој од три натпревари нема пораз.
