Петар Печков
Објавено: четврток, 27 март 2025
Одбојкарите на ОК Борец го добија за противник тимот на ОК Струмица во полуфиналето на Купот на Македонија. Вториот пар e ОК Универзитет Гоце Делчев и ОК Работнички. Завршницата на турнирот се игра во Радовиш, следниот виекнд од 3 до 5 април. Велешани беа дел од завршницата на Купот пред две години, кога во финалето загубија од ОК Струмица.
ОК Борец синоќа во салата Гемиџии играше првенствен натпревар од претпоследното 9 коло на екипите кои играат за првите шест места. Загубија со максимални 0:3 од лидерот ОК УГД од Штип. Но остануваат трети и во полуфиналето за титулата првак ќе играат повторно со ОК Струмица.
Извршена е и ждрепката за елиминациското коло од Купот во ракомет. РК Фруитленд игра со РК Овче Поле во Свети Николе. Се игра една средба која на програмата е овој викенд. Победникот игра а во групната фаза, на 16 екипи, што ќе се игра на 26/27 април.