Одбојкарите на ГОК Борец загубија во четврт-финалето од Купот

Петар Печков

Одбојкарите на ГОК Борец ги завршија натпреварите во Купот ан Македонија.

Тие вчера, среда се поразени во Струмица од истоимената екипа со максимални 0:3 ( 14,16,21).

Така велешани се простија од ова натпреварување, каде лани, во сезона 2023 беа финалисти на Купот и загубија токму од струмичани во финалето во Радовиш.

Во полуфиналето се пласираа и екипите на  ОК УГД Гоце Делчев и ОК Работнички а последниот четврти учесник ќе биде познат дополнително.

фото ФБ/ ОК Борец

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати