Петар Печков
Објавено: вторник, 28 октомври 2025
Одбојкарите ветерани на ОК Борец се старо новите прваци на Македонија. Тие во неделата во финалето во Тетово го победија тимот на ОК Шкендија со 2:0 (17, 26) така ја одбранија титулата која ја освоија лани со победата во финалето во Велес. Одбрането е златото од лани. ОК Борец ветерани имале контрола на резултатот во текот на целиот натпревар, иако вториот сет е добиен на разлика. Така втор пат едноподруго се радуваа на златото. Зоран Жабев беше столбот кој ги разигруваше соиграчите, па беа нерешлива загатка за амбициозниот противник, кој на крајот мораше да подаде рака на подобриот.
Лигата е дел од системот на натпреври на Одбојкарската федерација на Македонија. Финалните натпревари се играа во спортската сала на ОУ Гоце Делчев во Тетово.
Следен предизвик за екипата која ја одликува другарство, хомогеност, борбеност, е учеството на силниот меѓународен турнир за ветерани кој треба да се одржи при крајот на ноември во Крањска Гора – Словенија, каде одбојкарите на ОК Борец ќе ја преставуваат Македонија.
Во натпреварот за третото место Тетово ја совлада екипата на Скопје исто така со 2:0.
