Одлуката за наградување во борбата со ковид-19 пред Уставен суд, ја оспорија приватните лекари

Петар Печков

Здружението на приватните лекари преку нивен адвокат до Уставен суд  поднело  иницијатива за преиспитување на одлуката со која се наградуваат здравствените работници, кои се бореа со ковид-19. 

Треба ли да потсетам дека и матичните доктори беа на прва борбена линија, докторите од Дебар направија скрининг на целото населениве. Или ќе има награди за сите кои  учествувавме во борбата со ковид-19 или за никој - рече на прес-конференцијата д-р Лили Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари, кои брои  околу 1,6 илјади  доктори.

Приватните лекари од земјава реагираат на  две новини кои Фондот за здравство и Министерството ги подготвувале. За членовите на Здружението тие се неприфатливи и не се согласува со нивно воведување.

Се најавува воведување на  времен печат и електронски печат. Секоја амбуланта има свој токен, секој доктор има сопствен токен,  и сите податоци постојат во „мој термин“ каде има богати бази на податоци,  колку рецепти сме издале, кога се издадени, каде е упатен пациентот. Сметаме дека со постојната  капитација, дополнителен трошок не можеме да издржиме.  Имаме и уште една реакција за воведување нови шифри во работата,  кое понатаму води плаќањето да биде половина од капитација а втората половина од сработеното.  Модел на плаќање по учинок имаше до 2001-та  и со него ако земеме одмор во тој период немаме да имаме учинок, нема да имаме плата, нема да се покријат трошоците за работата. Не е дозволиво доктор од примарно здравство да нема сигурност, да не смее да се разболи, тој период мора да биде платен, како и во јавното здравство. Државата не смее да се однесува за едни мајка за други маќеа.    Во преговорите со Светска Здравствена организација, а сме имале преговори  во период од  триесетина месеци, никогаш не сме разговарале фиксниот дел да биде 50 отсто од постојната капитација - кажа д-р Чолакова Дервишова.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати