Од вечерва во Киноверзум, македонскиот филм „ДЏ Ахмет“

Петар Печков

Од денес, среда во Киноверзум  Велес се прикажува македонскиот игран филм „ДиЏеј Ахмет“. Првата претстава е од 19ч. а во сабота и недела од 20ч.  „Диџеј Ахмет“, на турски и македонски јазик, е драма со примеси на комедија за Ахмет, 15-годишно момче од забито јуручко село во Источна Македонија, кое наоѓа прибежиште во музиката и сонува да стане диџеј додека се справува со очекувањата на татко му, конзервативната  заедница и неговото прво искуство со љубовта – девојка која веќе му е ветена на некој друг. Во главните улоги се Ариф Јакуп, Дора Акан, Наим Агушев и Аксел Мехмед.

„Диџеј Ахмет“, дебито на режисерот Ѓеорги Унковски, имаше регионална премиера на фестивалот во Сараево. Светската премиера на  „Диџеј Ахмет“ беше на 24 јануари, на фестивалот Санденс во Парк Сити, Јута, каде доби две награди: Наградата од публиката во програмата Светски филм и Специјалната награда на жирито за креативна визија. Оттогаш има добиено вкупно седум награди.

По премиерата на 24 јануари, во холивудските медиуми излегоа позитивни критики, како на пример: „Елегантен и привлечен“, „Инспиративна приказна за созревањето…“ во критиката на „Холивуд рипортер“.  „Диџеј Ахмет“ се снимаше лани во октомври и ноември во селата Коџалија и Али Коч во Радовиш и во Скопје.
 

Вечерва од 21ч. во Киноверзум ќе биде прикажан „Праслован“ , словенечки филм од 2024 година.  Бунтовник, борец за правда, пост-панк и шансонер. Незаборавен член на југословенскиот „Нов бран“. „Прасловен“ е емотивна и инспиративна биографска драма што го следи животот и кариерата на еден од најважните кантавтори на поранешна Југославија, Зоран Предин. Филмот го открива неговото патување од младоста во Марибор, каде што почнал да се занимава со музика, до врвот на славата со бендот „Лачни Франц“ и неговата соло кариера, што го направи икона на музичката сцена. Низ филмот нè водат гиганти на југословенската музичка, литературна, филмска и спортска сцена, како Ѓорѓе Балашевиќ, Бранко Ѓуриќ, Миљенко Јерговиќ, Габи Новак, Јуре Франко, Зоран Чутура, Мањифико, Петар Јањатовиќ... На прикажувањето ќе присуствува режисерот   Слободан Максимовиќ, по по завршувањето на проекцијата, ќе има разговор со гледачите. Филмот има освоено награди: Фестивал на словенечкиот филм 2024 за Најдобар филм, Андрехил фестивал 2025 -Награда од публиката, Друштво на словенечки режисери 2025 за Најдобар режисер.     

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати