Од година во година расте интересот на граѓаните за вакцинацијата против сезонски грип

Петар Печков

Заврши вакцианцијата од сезонски грип во Велес. Таа се изведуваше во просториите на Центарот за јавно здравје –Хигиенски. Во периодот од еден месец биле аплицирани 2.900 вакцини кај исто толку пријавени граѓани во „мој термин“. Вакцинацијата започна на 16 октомври, во првиот перидо беа добиени 2.000, па потоа во вториот 800 и минатата седмица уште стотина вакцини, од холандско произвдоство АББОТ.  Со бесплатната вакцинација од сезонски грип се опфатени ризичните групи население- лица над 65 години возраст, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години.

Има останато уште вакцини за пациенти кои во терминот кога требало да бидат вакцинирани не се јавиле поради здравсвтени причини, и тие можат да ги примат во наредните денови. Имаше и вакцини за сезонски грип, кои беа комерцијани и чинеа 700 денари и тие се завршени. 

Лани во Центарот за јавно здравје Велес биле аплицирани 2.800 а година дена претходно во 2023 -2.500 лица.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на Советот на Општина Велес, од мандатот 2021/2025 година? (училишни оценки)

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати