Од денес- петок, времено Градскиот пазар лоциран на паркингот покрај Вардар

Петар Печков

Од утрово, велешкиот пазар е на нова локација, времено, на паркингот спроти спортската сала на ОУ Панко Брашнаров. Таму сите пазарџии ќе бидат лоцирани, се додека не се заврши горниот дел од Градскиот пазар, додека тој не  биде покриен.

„Формално го воведуваме изведувачот на работите на долниот дел од пазарот.  Тезгите се дислоцирани на паркингот, најдовме доволно простор на паркингот. Вишокот тезги е однесен во базата на ЈКП Дервен во населба Тунел. Со новиот покриен пазар, пазарџиите ќе имаат и нови тезги, кој ги набави ова ЈП.  Горниот дел од пазарот треба да биде ставен во функција на почетокот од месец октомври“ кажа градоначалникот Аце Коцевски, на денешната прес конференција.  

Првични реакции од продавачите и купувачите нема, бидејќи има простор за минување и пазарење, нема гужви и турканици. Но тие стравуваат дека  ако рокот за изведба на горниот дел од покриениот пазар се одолговлечи, може студеното време да им наштети на постојната локација, која е покрај реката Вардар а северниот ветер кој  често дува  во есенските месеци да влијае на нивното здравје.

Покривањето на горниот дел од Градскиот пазар го изведува фирмата   „Бауер БГ“ од Скопје а вредноста на градежните  работите е 34 милиони денари.  Тој роковите за изведба го надмина во два наврати, 4-ти август и 15-ти септември, за што градоначалникот Коцевски најави дека фирмата ќе плати казнени пенали.  

Изведувачот на градежните работи на долниот дел од пазарот е   „БВ инженеринг“ од Битола  вредноста е 50 милиони денари. По барање на  Светска банка,  изведувачот на работите на долниот дел од пазарот, кој се работи со кредитот земен од нив, било тој да започне со работни активности навремено, иако горниот дел од пазарот не е завршен.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА ХАУСМАЈСТОР

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи: Техничар (хаусмајстор) за одржување на надворешна инфраструктура и градина Детали

РОНТИС ВРАБОТУВА ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи: Техничар во оддел за одржување Детали

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Македонија еден ден ќе биде членка на ЕУ?

  • да, но ќе мине време
  • не,нема да се случи
Резултати