Петар Печков
Објавено: понеделник, 21 јули 2025
Од службата за Итна помош пријава до полицијата, за закани од родител на пациентка, кој ја навредувал дежурната екипа. Во случајот со девојката била побарана помош во два наврати, прво во Сливник, потоа во Отиштино а пациентката не била во состојбата, во која била прикажана по телефон.
„Неделата по полноќ во 02,20 во СВР Велес од страна на доктор од ИМП од Велес е пријавено дека во 00,20 часот е примен повик за медицинска интервенција врз женско лице од село Отиштино, општина Чашка, која со приватно возило била транспортирана кон Велес за укажување на медицинска помош. Откако ИМП се пресретнала со приватното возило со пациентката кај место викано Пашин мост, подрачје на општина Чашка и кога било пристапено кон пружање на медицинска помош, од страна на таткото на пациентката М.В. (43 год) од село Отиштино кон екипата од ИМП за цело време биле упатувани навреди и сериозни закани по нивните животот со што кај нив било предизвикано чувство на страв и несигурност кон нивната безбедност“ – соопштија од СВР Велес.
М.В бил приведен и задржан во полициска станица, а запознат е и Јавен обвинител.
Пред неколку дена, медицинска сестра во болница била нападната од две лица.