Од последици на ковид заразата почина 35 годишен велешанец

Петар Печков

Вчера попладне, понеделник, почина пациент на 35 годишна возраст од Велес, позитивен и невакциниран, лекуван седум  дена на Инфективно одделение. Тој е 182 жртва од последиците на корона вирусот.

„Вкупно се хоспитализирани 44 пациенти,  од кои  34 се потврдени позитивни,девет сомнителни  и еден пациент со негативен тест но задржан на болничко лекување. На кислородна поддршка се 25 пациенти. Испишани се шест  пациенти како оздравени со по еден негативен тест“ - изјави д-р Елеонора Јованова , портпарол на велешка Болница.

На Инфективно одделение се згрижени  39 а на Интерно пет лица. Освен од Велес и Велешко има пациенти згрижени на ова одделение од Свети Николе, Кавадарци и Радовиш.

Изминатите 24 часа во велешко се регистрирани 11 нови случаи на лица позитивни на ковид-19 а оздравени се четворица. Или активни се 220 случи со корона вирус во велешко.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати