Петар Печков
Објавено: четврток, 25 јуни 2026
Од 1 до 4 јули, среда – сабота, по 31 во Велес ќе се одржи меѓународниот фолклорен фестивал Велес 2026. Локацијата останува непроменета, амфитеатарот во младински парк, почетокот традиционално од 20,30ч. освен во сабота од 20 ч.
Според програмата годинава ќе има петнаесетина ансамбли, од три континенти, Средна Америка, Европа и Австралија. Учесниците доаѓаат од Костарика (новина), Мексико, Полска, Италија, Србија и Албанија (новина). Учесници има и од неколку града од Македонија, сите фолклорни друштва од Велес плус распеани Велешани и Пензионери.
Деталите за програмата ќе бидат соопштени вторник на прес конференција.
