Околу триста велешани вакцинирани за три месеци, во домашни услови

Петар Печков

Вакцинацијата по дома за жителите на Велес, екипите на Здравствен дом ја реализираат од 24 април,   три месеци наназад.  Повеќе од  тристотни  граѓани, немоќни, со попреченост, неподвижни лица, кои побарале да бидат вакцинирани за заштита од ковид-19, ја примиле вакцината. Докторите кои одат на домашна посета  задоволни од одѕивот.

„Многу сме задоволни од одѕивот на граѓаните. Тие што се во можност доаѓаат во вакциналмиот пункт, останатите повозрасни лица, со попреченост, болни, неподвижни, ги пријавуваат нивни блиски и ние ги посетуваме во домовите и  ги вакцинираме“ - рече д-р Ана Марија Џунџева.    Некои  од пациентите  примиле една, други две дози, „Синовак“ „Синофарм“ или „АстраЗенека“.  

Во Велес продолжува и теренската вакцинација . Денес беа посетени Клуковец каде се вакцинирале четири лица и  едно во Сливник. Теренска вакцинација продолжува утре во Раштани, Бузалково и дополнително С`лп и Белештвица.

Поврзани »

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати