Општината и даде простор на ПС Велес кај МК Стоби каде ќе ги паркира одземените возила

Петар Печков

Општина Велес отпстапи   простор на СВР Велес за паркинг за возила кои се одземени. Одлуката ја донесе Советот на Општина Велес, гласајќи ја со мнозинство гласови, 15 гласа „ЗА“ и шест воздржани од опозицијата –Левица и СДСМ. 

Таа е донесена како дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема со додавање на зборовите „паркинзи во функција на објекти на органите на државна управа и на објекти на општините“. 

„Овој паркинг ќе биде за полиција, се однесува на возилата кои тие ги имаат запленето и бидејќи тука пред нивната зграда а до општината е преполно, затоа дадовме простор каде тие возила натаму ќе може да се постават“ – кажа  архитект Роза Здравева, раководител на Одделение за урбанизам во Општина Велес. 
 
На прашањето од советникот Јованче Манасков, дали се дава просторот кој се води како „зелена парцела“ веднаш до Модната конфекција Стоби,  Здравева објасни дека паркингот ќе биде лоциран на парцела која нема дрва и зеленило и нема да се сече ниту едно од постојните.

„Катастарската  парцела е поделена на три градежни парцели. Две од нив се наменски за индустрија и едната од нив  ќе се користи за паркинг,  таа каде нема зеленило.  Парцелата кој е со зеленило, останува недопрена. До користење на план, ќе се користи за паркинг на запленети возила на СВР Велес“ – дополни Здравева.

Паркингот пред Полициската станица Велес со години е депо на мотори и автомобили. Состојбата не се менуваше, ниту се подобруваше. За грдата слика може да сведочи секој минувач пред станицата. Паркираните возила  се одземени од лица сторители на кривично дело или прекршок и се чуваат пред зградата.

Оваа бројка се зголеми од 1 февруари кога се воведе член 297 за одземање на возило заради „безобзирно управување со моторно возило“.  Поради тоа просторот уште повеќе се освои со нови дополнително одземени возила.

Деновиве започна да се дислоцираат возилата кои се одземени поради други кривични дела, кои беа пред подрачната единица на Министерството за одбрана и Дирекцијата за заштита и спасување, додека тие што беа одземени за безобѕирно управување и паркирани на просторот пред СВР се поместија на ослободениот простор пред Министерството за одбрана.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

  • да
  • не
Резултати