Петар Печков
Објавено: петок, 09 мај 2025
На спомен Костурницата каде почиваат жртвите од Вторта Светска војна од велешко, и цивилни и воени, со полагање цвеќе и минута молк, им се оддаде почит на сите загинати. Велес, Македонија како дел од Европа и светот дадоа жртви во брбата против нацизмот и фашизмот. Милиони луѓе во светот, илјадници во Македонија и стотици од Велес го положија најсветото, животот за слобода во која денес живееме. Почит им оддаде градоначалникот Марко Колев.
„На овој голем јубилеј, денеска, им оддаваме почит на неброените жртви од Велес, Македонијa, Европа, светот. Ги помниме нивната хрброст, пожртвуваност, љубовта кон слободата. Го чуваме аманаетот со кој не задолжија“ – порача Колев.
Во продолжениee беше изведен сценски настап на Орхидеја Дукова и Сашко Костов.