Осудени оти на жителите на Богомила им испорачале загадена воза за пиење

Петар Печков

Директорот и Комуналното претпријатие од Чашка, осудени оти на жителите на  Богомила им  испорачале  загадена вода за пиење.

Ѓоре Здравковски ( 44 год) од Чашка  и ЈПКД Тополка од Чашка беа  прогласени за виновни во Основен суд Велес, неправосилно осудени за кривичното дело ,,загрозување на животната средина и природа,,. Здравковски доби  алтернативна казна затвор од три месеци, ако во следните година дена сотри ново кривично дело, додека ЈКПД Тополка е Чашка е парично казнета со 100 илјади денари.  

Според обвинението во  периодот од 4-ти март 2013-та до 10 мај 2016-та во повеќе наврати, 32 пати  на жителите на село Богомила им испорачале неквалитетна и  небезбедна вода за пиење, во која имало присуство на ешерихија коли, колиформни бактерии, отсуство на резидуален хлор или негово присуство над дозволениот максимум.  

И директорот и претпријатието   според пресудата пропуштиле преземање на мерки за спречување на загадувањето на водата за пиење, со што предизвикале опасност по здравјето на луѓето и не презеле итни мерки за отстранување на загадувањето на водата и не ги известиле граѓаните во рок од 24 часа дека таа е загадена.

Обвинетите се бранеле дека  причина што немало квалитетна  вода е што во тие критични денови, снемувало истрија, па не можела водата за пиење која се испорачува за Богомила, не можела да се хлорира.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати