Паласков е нов началник на СВР Велес

Петар Печков

Со решение  на Министерот на МВР  Панче Тошковски, за нов началник на СВР Велес е поставен Бране Паласков. Тој на оваа позиција беше и во време на техничката влада, во период кога се спроведуваа изборите.

Паласков досега беше на  позицијата Виш инспектор – главен дежурен во центар за известување и командување при СВР Велес. Тој е дипломиран економист и во СВР Велес  има десет годишен стаж.

Позицијата  на која се наоѓа ги покрива Полициските станици  Велес и Чашка, како и ОВР  Кавадарци и Неготино и Полициска канцеларија Демир Капија.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати