Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 јуни 2026
Панче Коцев ја промовираше неговата книга ,,Кралот над кралевите". Ова е негово второ дело, продолжение на првиот роман ,,Во потрага по изгубениот гроб" издаден 2022 година.
„Инспирацијата ја црпам од нашата богата историја, од археологијата и од криминалистиката. Правам комбинација од криминалистичка приказна која не враќа назад. Пишувам за кражбата, трговијата со културно наследство. Втората книга е класично продолжение на првото, сите ликови од првата ги има во втората. Но се случува на различни локации. Тие што не ја прочитале првата, можат да ја прочитаат втората и без тешкотии да ја следат нарацијата“ – кажа авторот Коцев, кој е дипломиран криминалист, магистер по безбедносни науки.
Делото богато со податоци, факти, дисциплина, истражување, авантура и мистерија. Промотор беше авторот, велешанецот Анде Јанков.
„Приказната која не секој наш автор се осмелува да ја раскаже, да навлезе во еден ваков жанр. Тоа е мистерија поврзана со историски факти вметнати во приказната, која станува историска фикција. Драго ми што авторот не застана не првата книга, туку ги развива ликовите. Книгата се чита во еден здив“ – кажа промоторот Јанков.
Промоцијата на ,,Кралот над кралевите" беше дел од содржините на годинашните 63 Рацинови средби а се одржа во медиотеката на градската библиотека ,,Гоце Делчев" Книгата е во издание на издавачката куќа Збор од Велес.
