Партијата Левица реагира дали вработените примаат плата во Еуробрик, поранешен Киро Ќучук

Петар Печков

Партијата Левица преку соопштение реагира за состојбата со исплатата на вработените во фабриката за цигли ,,Еуробрик,, поранешен Киро Ќучук. До нив  пристигнале пријави од вработени а   се однесуваат на како што е посочено, скандалозното работење на фабриката. 

Во фирмата „ЕуроБрик“ сивата економија била во подем, поради тоа што вработените кои што работеле во изминатите шест месеци немале потпишано договор за вработување. Освен ова, овие работници за истиот тој период немале добиено плата, ниту пак им биле придонесите.  Оваа фирма често била предмет на инспекциски проверки од страна на Трудовиот Инспекторат, УЈП, претставници на Министерството за Екологија (поради тоа што биле големи загадувачи), но ретко кога била санкционирана- пишува во партиското соопштение.  

Во Еуробрик имало околу 20-тина вработени и се прашуваат зошто  УЈП не презема никакви активности што платите не се исплатуваат веќе шест месеци. За нив е чудно што не се исплатуваат плати иако  производството е распродадено.  Дел од нив веќе започнале судски процес против фирмата. 

Сопственици на фабриката се охриѓанецот  Абдурамим Бајрактар  македонски бизнисмен, како и Васиф Улучлар и Ибрахим Сенем   од Истанбул. Тие ја купија фабриката за 1,1 милион евра  на јавен повик, на почетокот на 2016-та година. Веќе во средината на 2017-та имаа проблеми дел од вработените кога на 100-тина лица не им беа продолжени договорите за работа.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати