Петар Печков
Објавено: недела, 29 октомври 2023
Вчера попладне, стотина патници од патничкиот воз од Скопје за Гевгелија минале три и пол часа во тунел Информацијата ја потврдија од СВР Велес, каде бил пријавен инцидентот.
„На пругата, во тунелот, имало парче метал, поради кое не можел да се воспостави железнички сообраќај. Пријавено е од вработен во Македонски железници, чии екипи излегле на месото на настанот и извршиле увид“ - соопштија од СВР Велес.
Попладневниот патнички воз од Скопје тргнува во 16,55 ч застанал во тунелот кај Железничка станица Пчиња некаде околу 17,40ч.
По извршениот увид од страна на екипи на Македонски железници, констатирано било дека паднал метален дел од товарен вагон, кој претходено минувал на оваа релација. Среќна околност е што при кочењето и ударот во металниот предмет, нема повредени патници и возен персонал.
Откако околу 200 минути возот бил во тунел, продолжил кон Велес. Наместо во 17,47 ч. стигнал во 21 часот по што продолжил за Гевгелија. Претходно во четвртокот попладне и петокот наутро, единствениот патнички воз кој сообраќа од Скопје за Битола и обрано, не возел, оти расположливата дизел локомотива била расипана.
МЖ се судрува со сериозни проблеми во работењето, укинува железнички стојалишта, го намали бројот на патнички возови од и за Битола. Возовите кон Кочани, Кичево не сообраќаат две и пол години, од почетокот на годинава не сообраќа возот ниту кон Куманово и Табановци, меѓународниот воз за Приштина е сопрен од лани.
фото ФБ патник од возот