Петрушев државен сениорски првак во К-1 во слалом на диви води

Петар Печков

Викендот на патеката Матка, се одржа сениорското првенство на Македонија во кајак на диви води, слалом.

Во поединечна конкуренција државен  првак стана Ангелче  Петрушев а второто место за Стефан Рибарски, и двајцата членови на ККК Вардар од Велес, додека трето место е Борче Мирчевски од ККК Бабуна, исто така од Велес.

Во екипното веслање 3хК-1, државен првак стана составот на ККК Вардар од Велес, со Петрушев, Рибарски и Миланов, додека второто место за ККК Бабуна со Мирчевски, Игнатов и Варналиев. Третото место за ККК Илинден од Скопје.

По собирањето на освоените поени во поединечно и екипно веслање, за најдобар клуб на Државното првенство во кајак на диви води, слалом е прогласен ККК Вардар од Велес.

фото архива ТрМр

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати