Петрушев по четврти пат спортист на Велес, екипа на годината одбојкарите на ГОК Борец (видео)

Петар Печков

Кајакарот Ангелче Петрушев е спортист на Велес и  за 2025 година. Тој претходно ова признание го доби и во 2019, 2022, 2024 година. Овој настан кој е во организација на Сојузот на спортови на Велес а помогнато од Општина Велес се одржа по 66 пат. Тој е македонски репрезентаивец кој оваа година се пласираше во полуфиналето на СП до 23 год, на ЕП до 23 год и и на ЕП за сениори, победи на меѓународниот ИКАС кајак куп. Член е на ККК Вардар од Велес.  Екипа на годината е ГОК Борец, која годинава се пласираше во полуфиналето на Купот и на шампионатот за првак на Македонија а сезонава ја заврши на четврото место во Првата лига. 

Кај поединците после Петрушев се позиционираа 2- Тефих Салихи член на МВК Велес победник во генерален пласман поединечна ранг листа од лига состем во велокрос, победник на Државно првенство сениори велокрос, 3 е одбојкaрот Саша Ивковиќ, кошаркарот Александар Штерјов е 4-ти, фудбалерот на ФК Борец Илхан Имеров -5-ти, 6-та е Ели Панова стрелаштво, кајакарот Стефан Рибарски е 7-ми, велосипедистот Мемед Мемети – МВК Велес Е 8-ми,9-ти Александар Затаров кајак спуст КК АРКА БОРЕЦ и 10-та е одбојкарката на ГОК Борец Мартина Борова.

Кај екипите втора е ККК Вардар Велес  а трет ККК Арка Борец. 

Во младинска конкуренција екипно прва е ККК Бабуна, втор е МВК Велес а трета екипта на ГОК Борец. 

Поединечно беа поделени во две возрасни категории до 18  и до 14 години.
 До 18 признанија добија, (без редослед)
Костадин Коцев БЏЏ Будо, Стефани Димовска – стрелачки клуб Велес, Драги Ставрев – ГОК Борец, Паула Игевска КК Гладијатор, Блгој Гугинов –ККК Арка Борец, Михаела Димитриева –ГОК Борец, Фесула Муаереми – БК Борец, Христијан Андов ККК Гемиџии, Марион Пановски – ККК Гемиџии 903, Маттео Ѓорѓиев – ККК Гладијатор, Марио Јанковски – ФК Борец, Кристијан Смилев – ККК Бабуна.

До 14 години(без редослед)
Филип Кимов – КК Борец баскет, Тодор Сутинов –КК Гладијатор, Матеј Стојанов – ППК Борец,  Димитар Љутков – КК Борец баскет, Мараија Прпева – ТК Борец, Дамјан Петров – МКВ Велес,Левче Картинов –БК Борец, Бојана Нацева – КК Бабуна, Михаела Андреева – ОК Виола волеј, Тодор Гиновски – ГОК Борец, Јана Митровска – КК Будо, Ангела Перечинкова – БК Борец.

Тренер кај сениорите е Петре Жабев ГОК Борец, кај младинците Сашко Ристов –КК Борец баскет.

Се доделија признанија за повеќе категории.

За најмасовна спортска приредба се прогласени Спортските игри Велес Дематели инвест груп, за најдобра спортска приредба Европскиот куп во спуст на диви води кој се одржа на реката Вардар низ Велес. За спонзорство признание доби Пеце Стојановски – пекара Палма центар. За двојниот првак на Македонија во лигата на ветерани во одбојка признание за ветераните на ОК Борец. Посебно признание доби Радица Дукова млада фотографка кој ги овекoвечува спортските натпревари во градот. Признанија имаше и за судиите –Бошко Нацев меѓународен кајак судија и Орданче Амбарков меѓународен одбојкарски судија.

Се вреднуваа и признанија добија и спортските педагози од училиштата. Ангелче Гушев од средните училишта и Петре Жабев од основните. За училиштен спорт признаија добија ОУ Панко Брашнаров и средното Коле Неделковски. 

Присутните на настанот  ги забавуваше групата Гемија.

 фото Милорад Каначковиќ 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на сообраќајната полиција во Велес? (училишна оценка)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати