Петар Печков
Објавено: среда, 01 октомври 2025
Македонскиот репрезентативец, велешанецот Ангелче Петрушев, се пласираше на 57-то место на квалифакициите од Светското првенство во кајак на диви води, слалом, кое се одржува во Сиднеј Австралија.
Тој веслаше во дисциплината К-1, настапија 74 кајакари. Во полуфиналето се пласираа првите 30 а Петрушев зад нив заостана скоро 8 секунди а 12,65 од најдобропласираниот. Имаше и 4 казнени поени.
Со ова завршија меѓународните настапи на Петрушев, тој на сите три претходни, Европското првенство за сениори и за У-23 веслаше во полуфинале исто така и на Светското Првенство за У-23.
Од домашните натпревари остана само уште државното првенство које ќе се одржи на патеката Матка.