Петстотини велешани, досега добија паричен надомест за стечајци

Петар Печков

Без малку петстотини велешани добија паричен надоместок по основ на стечајци. Од Министерството за труд и социјална политика пред десетина дена ја соопштија точната бројка  на позитивни решенија доделени во Општина  Велес.  Тоа е 486 лица кои ги исполниле условите.  Околу илјада и петстотини  велешани поднеле документација  со која очекуваат да добијат месечен надоместок  по основ на стечајни работници.  Најмногу одобрени барања  се од Порцеланка, од таму  барање поднеле  423 лица а позитивно решение  е донесено  за  224.  Натаму следат вработени во Лозар, Нокатекс,  Велеспром, Интернационал, Топилница, ХИВ...

Со овој Закон  овозможува на невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна државна сопственост да добиваат месечен надомест од 30 отсто од просечна републичка плата,  се до пензионирањето.  Законот опфаќа лица кои имале најмалку 15 години стаж во вакви претпријатија, а работниот однос им завршил по основ стечај, ликвидација или технолошки вишок заклучно со 30 јуни годинава.

На денот на стапување во сила на овој Закон важи возрасна граница од минимум 52 години за жени, односно 55 за мажи. Лицата треба да имаат остварено право на паричен надомест по 1 јануари 1995 година, а по остварувањето на правото на паричен надомест да не биле вработени на неопределено време, односно работниот однос да не им престанал по нивна волја и вина. 

loading...

Поврзани »

loading...

Се наградуваат најубаво украсен излог, двор и тераса

Општина Велес ќе додели награди за најуспешна празнична илуминација по повод новогодишните и Божиќните празници:

  • Најубав излог
  • Најубав двор
  • Најубава тераса.

Наградата е во паричен износ од 15.000 денари за секоја категорија.


Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

На што ќе се греете зимава?

  • огревно дрво
  • пелети
  • нафта
  • ќумур
  • електирична енергија
Резултати