Петар Печков
Објавено: петок, 15 мај 2026
За постојката пред хотел Интернационал, која според советничката Ѕвезданка Пешиќ, создава повеќе проблеми отколку што има корисна функција и дали може да се повлече повнатре. Таа ова го постави како советнички прашање до градоначалникот Марко Колев. Патем оваа постојка служи често и за паркирање на автомобили, додека возачите пазарат во околината и создаваат колони возила. Иста е состојбата кога паркираат и под јаворот, пред кафетеријата, а сопствениците за тоа време се гости во објектот.
„Проектот финансиран од ЕУ го наследив, го потпишав, оти беше одобрен. Дали сум среќен со решението, не. Тој технички и административно не е завршен. Има многу нелогичности, постојката кај Интернационал, кружниот тек кај Сармаале, нејасни работи. И пет години по техничкиот прием не може ништо да се коригира да се менува. Ништо не може да се коригира, оти без согласност на ЕУ не може да се коригира или ќе треба да ги враќаме парите. Инаку таму треба се наново да се менува. Но затоа потоа“ – кажа Колев.
Потсети дека било предвидено градот да добие плоштад а улиците Гоце Делчев и Страшо Пинџур да бидат двонасочни, а низ центарот да минат само автобуси. Колев кажа дека е поставен и одвод за атмосферската вода да не се слева по улицата, туку под неа.
