Пешак со скршеници, по удар од автомобил кај Стар мост

Петар Печков

На крстосницата кај Стар мост, кај некогашна Малина, пешак бил удрен од автомобил. Жената се здобила со скршеници. Деталите од информацијата на МВР и болница.

„На 27.06.2025 околу 17.40 часот во СВР Велес е пријавено дека на крстосницата од ул. „Јордан Хаџи Констатинов- Џинот“ со ул.„Браќа Капчеви“ и ул.„Ангел Мишев“ во Велес, патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.З.(27 год) од Велес, удрило во пешакот Г.С.(70 год) од Велес“ информираа до МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Г.С., констатирани во Општата болница Велес. 

„Во попладневните часови примена е жена повредена од удар на автомобил. Извршени се снимања, констатирани скршеници на колк и рамо. Задржана е на одделение, за одлука дали ќе се изврши оперативен зафат“ – кажа д-р Ванчо Граматов, портпарол на Општа болница Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати