Пијан оризарец удрил и оштетил ново полициско јети

Петар Печков

 Во четвртокот вечерта драма се случувала по велешките улици откако сообраќајната полиција се обидела да сопре возач кој возел лудо во населба Тунел. Настанот се случил околу 23 часот а возачот бил сопрен кај Бензинската ,,Башино петрол,, по неколку минутна бркотница, при  што било оштетено и новото полициско возило ,,шкода јети,,.

Според СВР Велес возачот Б.Х. ( 49 год) од населба Горно оризари возел по левата страна од коловозот, по што нивна патрола со вклучени сигнални ротациони светла се обидела да го сопре, но тој напротив само забрзувал и бегал. Полицајците успеале некако да го претекнат и да го сопрат при што возачот кој управувал  поло, удрил во новиот полициски автомобил. Начинета е мала материјална штета на возилото, велат од велешката полиција.

По извршената контрола над возачот Б.Х. утврдено е дека тој возел во видно алкохолизирана состојба со 2,3 промили алкохол во крвта, возел не регистриран автомобили, имал забрана за возење поради сообраќаен прекршок за што ќе му бидат поднесени прекршочни пријави. Плус уште една за бегство и непочитување на сообраќајната полиција.

Поврзани »

IQOS brand вработува

Придружи сѐ на нашиот тим низ цела Македонија! Почетна плата ДО 34.000 денари (хонорар + бонуси) Детали

ПРОГРАМА ЗА НОВОГРАДБИ ВО ВЕЛЕС

Хабитат Македонија ги повикува заинтересираните семејства да се пријават за вклучување во Програмата за новоградби во Велес.
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

  • да
  • не
Резултати