Плата нема, вработените од Колска пак пред вратите

Петар Печков

Стотината вработени во Фабриката за шински возила ,,Колска,, од  Велес повторно излегоа  на протест, трет годинава. И пак со ист повод, плати нема.  Ја чекаат јулската,  иако договорот со ЈП Македонски  железници бил исполнет.

Што е до нас, сработивме 75-те товарни коли, ги изработивме согласно договорот. Но за жал тој не се почитува до страна на железница. Тие земаат редовно плата, за нас не се плаќаат  услугите. И како да работиме натаму, како да поправаме други коли, кога нема за репроматеријал, да платиме за струја и други комунали – вели Слободан Димитриевски претседател  на синдикалната организација во  Фабриката.  

Поради ова 128-те вработени последна  плата која ја добиле е  јунската.   Тие протестираа пред капијата на фабриката и на  овој начин го искажаа нивниот револт.  Се решиле на ваков чекор поради домашните неплатени сметки, исклучена електрична енергија, блокирани сметки. Објаснуваат дека чекаат предолго за да се реши проблемот и статусот на ,,Колска,,.

Најтешко е со неплатеното здравствено осигурување. Не можеме ниту ние, ниту фамилиите да одиме на лекар. Колега се повреди сериозно  на работно место, додека поправаше вагон и како тој сега се лекува, кога немаме платено кон Фондот за здравство. А не е тој прв и единствен случај на колеги кои мака мачат да  оздрават – додава Димитриевски.  

Фабриката ,,Колска,,  годинава слави 100 години постоење и вработените стравуваат за иднината.     Последните пет години, тие засега  безуспешно  бараат повторно да се вратат во рамките на МЖ, од каде беа издвоени во 1996-та и од тогаш започнуваат нивните проблеми со обезбедување на  работа. Досега друштвото, кое е во 100 отсто државен капитал, три пати беше нудено на продажба и исто толку пати никој на  се јавил да го купи.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати