Петар Печков
Објавено: четврток, 09 јули 2026
Платениот паркинг се враќа во Велес, ова го најави градоначалникот Марко Колев, на прес конференција. Според плановите тоа треба да се случи на почетокот на септември, откако претходно Советот треба да го изгласа активирањето. Задолжено за реализација на паркирањето ќе биде, како и претходно, ЈП парк спорт и паркинзи.
„Веќе почнавме преку ЈП да бележиме места за паркирање на одредени паркинзи. Треба фазно да го враќаме платениот паркинг, во централното градско подрачје. Тоа е заради воведување на ред во сообраќајот во Велес. Бидејќи ова што се случува е безредие. Со оваа одлука ќе бидат вклучени и новите паркинзи. И кога ќе биде готова и подземната катна гаража и таа ќе биде вклучена“ кажа Колев, одговарајќи на прашање од ТрМр.
Колев појсни дека на улиците Благој Ѓорев од Авона надолу и 8 Септември од Пошта до саатот, како регионални патитша засега нема да се плаќа паркирањето. Се додека не се изгради обиколницата околу Велес, за Чашка, која се најавува во неколку наврати.
Во 2021-та година по доаѓањето на новиот состав на Советот, во декември беше изгласано стопирање на платениот паркинг, не укинување како што бараа советниците од СДСМ, чии колеги од претходниот состав во декември 2020 ја донесоа одлука за платен паркинг.
Тој беше ставен во мирување со цел во некое догледно време кога ќе се создат услови, пак да се активира. Затоа и ЈП парк спорт и паркинзи остана со додавката паркинзи. Или Велес платен паркинг имаше само пет месеци. Укинат беше поради финансиски загуби при работењето.
