Победа во Купот за РК Фруитленд, за кошаркарите на КК Борец баскет

Петар Печков


Ракометарите на РК Фруитленд го минаа елимиациското коло во Купот, откако победија во Свети Николе против прволигашот РК Овче Поле со 24:27. Со оваа победа се пласираа во следната фаза каде се 16 екипи, кои ќе играат  во 4 групи по 4 екипи, со елиминација. Веќе од среда продолжува првенството а ФК Фруителнд во првото коло од разигрувањето за опстанок ќе игра во Прилеп со истоимениот тим.

Во последното коло од Првата одбојкарска лига, каде играа прво пласираните шест елипи, ОК Борец загуби од ОК Работнички во Скопје со 2:3. Со ова заврши првенството, велешани се трети и ќе разигруваат за титулата. Натпреварите започнуваат на 12 април, кога ОК Борец игра со ОК Струмица, која е второпласирана а се игра на два добиени натпевари. Претходно овој викенд пред нас, со истиот противник ОК Струмица ќе играат во полуфиналето на Купот во Радовиш.

Победа за кошаркарите на КК Борец баскет. На домашен терен славеа над КК Мега спорт со Прилеп со тесни 75:74.По оаа 19 коло од Втората лига велешани се искачија на 4-то место, со 30 бода.Во следното коло соседско дерби по пласманот КК Борец баскет гостува во Струга на КК Црн Дрим, кој има исто така 30 бода.

Во Втората фудбалска лига, ништо ново, ФК Борец несопирливо се враќа во Третата лига ЈУГ. Во 22 коло загубија од ФК Скопје на гости, кој е петтопласиран со 1:2. Велешани остануваат претпоследни 15 со само 10 бода. Во следното коло во Велес гостува ФК Кожуф, кој е 9-то пласиран со 31 бод.

По три седмици продолжија натпреварите од Втората фудбалска лига жени. ЖФК Борец загуби дома од третопласираниот тим на ФК Билјанини извори со 0:11. По ова 10 коло велешанки се последни со 1 бод, откако се казнети со три бода.   Во следното коло гостуваат на лидерот ЖФК Кочани.

Се играше и 17 коло на Третата фудбалска лига Југ.Неочекувно дома во Чашка ФК Башкими, кој е второпласиран загуби од седмо пласираниот ФК Ултрас од Прилеп со 1:2.Пред само три дена истата оваа екипа ФК Ултрас во Превалец губеше со 9:0 од ФК Превалец а натпреварот беше прекинат оти гостите останаа со шест фудбалери во поле. ФК Превалец во прилепско Лажани одигра нерешено 3.3 со составот на ФК Младост кој е 10-то пласиран. Превалчани воделе на полувреме со 0:2, но на крајот по бод за двете екипи. Во следното коло локално дерби на второ и трето пласираните екипи,играат ФК Превалец и ФК Башкими.

15 коло од Првата футсал лига се рзвлече три дена, пертходно ТрМр објви декаа неочекувано КФМ Кеги моби победи во Липково над високопалиранаито тим ан КФМ Шкупи со 4;6. Во подоцнежните антепври поебндија и другите кандидти во борбата за осптанок, па велешани пакл останаа претпоселдни. Во следното коло е дербито  за опстанок со КМФ Црна Река која има бод повеќе од велешани и е 7 пласирана од 10 екипи.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати