Победа во дербито на Третата лига за ФК Превалец

Петар Печков

Футсал екипата на КМФ Кеги моби без победа и во вториот нaтпревар во Првата лига. Дома одиграа нерешено со составот на КМФ Клими 4:4 (1:2) од Кавадарци. Наспроти оптимистичките најави за успешен старт, по две кола велешани се со само еден бод. Во третото коло играат со екипата  на КМФ Форца која има две победи. 

Во 6 коло на Третата фудбалска лига, екипата на ФК Превалец победи во дербито со ФК Венец од Долни Дисан неготинско со 3:1 (2:1).Второпласираната екипа на табелата беше поразена во возбудлив и интересен натпревар.  По ова коло ФК Превалец се искачи на второто место а ФК Башкими ова коло беше слободен и е на 6 позиција. Во следното коло ФК Превалец е слободен а ФК Башкими игра со ФК Влазними Јуниор од крушевско Пресил, кој има една победа.

Во петото коло од Втората фудбалска лига за жени, ЖФК Борец загуби во Радовиш од ЖФК Плачковица со 0:7 (0:3). Велешанки се последни без ниеден бод и со гол разлика од -41. Во следното коло повторно гостуваат , овој пат на ФК Порече во Македонски брод, екипа која има една победа.  

Стартуваа кошаркарите во Втората лига. Загубија дома со 86:90 од КК Ангели, во финишот имаа можност за израмнување, гостите имаа 86:88 а велешани не успеаја за 30 секунди да направат пресврт. Скопјани водеа во текот на мечот има предност од 37:51,  која ја одржуваа до финишот, кога домаќините намалија, но неправија и пресврт. Во следното коло КК Борец баскет гостува во Скопје на КК Академија ФМП.

 Резултати второ коло Општинска фудбалска лига

ФК Младост ФК Горски 2 : 3

ФК Тополка ФК Форца нова 3 : 1

ФК Врановци  - ФК Чашка 3:1 

ФК Бузалкова - ФК Бабуна 0:2

Трето коло

ФК Чашка – ФК Младост

ФК Бабуна- ФК Врановци

ФК Форца нова – ФК Бузалкова

ФК Горски – ФК Локомотива

Слобдна е екипата на ФК Тополка

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати