Победа за КМФ Кеги моби во дербито на Втората футсал лига

Петар Печков

Во дербито на колото на Втората футсал лига, екипата на КМФ Кеги моби со убедливи 6:1 го совлада КМФ Форца 2015. За илустрација се сретнаа двете непоразени екипи во досегашниот тек од првенството, но домаќините надмоќни па од дербито ниту ,,д,,. По ова осмо коло КМФ Кеги моби е лидер со шест победи и 18 бода а по нив се екипите на КМФ Форца 2015 и КМФ Арбен Бајрами. 

Во последното деветто коло на Првата одбојкарска лига, екипата на ГОК Борец загуби со максимални 3:0 (9, 9, 16) на гостувањето во Скопје од лидерот ОК Вардар. Така велешани го зазедоа осмото место со четири освоени бодови и напролет ќе играат  со екипите на ОК Шкендија до Тетово и ОК Дибра волеј од Дебар за пласман од 7-мо до 9-то место.   Во втората фаза, која почнува кон крајот на февруари,  секоја екипа ќе одигра осум средби, по две дома и на гости со двата ривала. 

Кошаркарите на КК Борец баскет дома во седмото коло играа со КК Шкупи од Чаир победија тесно со 77:74. И двете екипи досега имаа по две победи, а по ова коло велешани се четврти со девет бодови. Првенството продолжува на почетокот до февруари а во следното коло КК Борец баскет гостува во Кичево на екипата на КК Риниа која е последна деветта со една победа. 

Футсал екипата на КК Велес на гостувањето во Липково загуби од КМФ Карадаку со 13:5. ПО ова 11-то коло на Првата лига,  КМФ Велес останува претпоследен деветти со две победи и шест бодови.

фото Радица Дукова

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати