Петар Печков
Објавено: среда, 26 март 2025
Со висока победа од 7:0, велешки КМФ Кеги моби фати приклучок во борбата за директен опстанок. Тие синоќа славеа над шестопласираната екипта на КМФ Јувентус Серава. По ова 14 коло велешани се претпоследни 9-ти со 14 бода, еден помалку од 7-мо и 8-мо пласираните Црна река и Бутел. Ова е втора врзана победа во две кола на КМФ Кеги моби, кој по очајниоте 11 кола, забележаа победи и ги вратија надежите дека и следната сезона ќе играат во најквалитената Прва лига. Во следното 15 коло велешаани гостуваат на КМФ Шкупи на Чаир, кој е 4-ти со 21 бод.
Во последното коло од првиот дел на Супер лигата, ракометарите на РК Фруитленд загубија од петопласираниот тима во Кавадарци од РК Тиквеш 29:24, иако велешани првото полувреме го добија со 14:15. По овој дел од првенството РК Фруитленд е 10 –ти со 8 освоени бода. Во следната фаза од разигрувањето за опстанок, каде ќе играат шесте ниско пласирани екипи, секој сео секого дома гости, уште десет гола, Пролет, Прилеп, Куманово, Струга и Радовиш, РК Фруитленд ќе стартува со 3 бода.