Победа за второлигашот, футсал екипата на Кеги моби

Петар Печков

Изминатиот викенд освен фудбалерите на прволигашот Борец, настапија други три велешки клуба. Забележаа една победа и два порази. 

Победничката серија во второлигашкото друштво на футсал лигата продолжува за КМФ Кеги моби. Во 14-тото коло со високи 8:0 го совладаа тетовски ССЕ Универзитет.   

Прволигашот КМФ Велес загуби со 9:3 на гостувањето во Кратово од истоимениот тим. Натпреварот беше од 14-то коло. 

Кошаркарите на КК Борец загубија во Струмица од второпласираниот тим на табелата КК Струмица со убедливи 81:57. По ова 11-то коло, велешани се пети со 14 бодови и четири победи. Во следното коло, в недела во 13ч.  во салата Гемиџии доаѓа лидерот ТТФ, кој има само еден пораз досега. 

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

  • да
  • не
Резултати